Халанд има нестварна статистика

a793be70-622e-11ef-8c25-cb51e5003341.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ерилнг Халанд, вчера со хет-трик го предводеше Манчестер сити до втората победа во сезоната. На „Етихад“ актуелните шампиони го победиа Ипсвич со 4:1 (3:1).



Натпреварот со Ипсвич беше 101. за Халанд во дресот на Манчестер сити, има импресивна статистика 94 гола и 14 асистенции.

Уште еден податок кога е во прашање Норвежанецот импресионира, го запиша седмиот хет-трик во Премиер лигата, на вечбата листа се израмни со Вејн Руни, кој седум пати по три гола постигна на 491 натпревар.

На вечната табела на хет-трикови во Премиер лигата, прв е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, Серхио Агуеро, кој постигна 12. Еден помалку постигна Алан Ширер, девет Роби Фаулер, по осум имаат Хари Кејн, Тиери Анри и Мајкл Овен, а Руни и Халанд по седум.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK