Снимка од безбедносните камери покажува како се случила страотната несреќа утринава во центарот на Скопје, кога возач со автомобил киа падна во Вардар. Вистинско чудо и среќа во несреќа е како автомобилот помина летајќи меѓу двата автомобили кои случајот се движеа по булеварот. Вистинска среќа е што во тој момент немаше пешаци бидејќи, според снимките возилото со огромна брзина минува преку булеварот, ја пробива заштитната ограда и паѓа во Вардар.
Утрово екипа на ЈП „Улици и патишта” Скопје, интервенираше на санација на заштитната ограда на „Мостот на Револуцијата” во близина на Веро Џамбо.
„Одбојната ограда на мостот е времено санирана со цел одржување на безбедноста на пешаците и возилата кои движат во овој дел од градот. Оштетувањето на заштитната ограда од мостот беше предизвикано од возило кое утрово излета во водите на река Вардар. По налог на Град Скопје и во корелација со МВР, штетата на оградата навремено е санирана, ЈП Улици и патишта апелира за внимателност во движењето на учесниците во сообраќајот“, велат од ЈП Улици и Патишта.
View this post on Instagram