Јапонското Министерство за транспорт ќе воведе нов систем за борба против возењето во погрешна насока, поради зголемениот број на сообраќајни несреќи.
Министерството сака да го намали бројот на сообраќајни несреќи поради возење во погрешна насока до 2029 година на нула, пренесува Kyodo.
Системот предвидува употреба на надзорни камери кои ќе детектираат возачи кои возат во погрешна насока и потоа преку телефон или навигација со гласовна порака ќе го предупредуваат возачот и возилата во негова близина.
Тендерот за компаниите кои ќе учествуваат во овој проект треба да биде објавен во фискалната 2024 година.
Годишно во Јапонија се регистрираат околу 200 инциденти кои вклучуваат возење во погрешна насока.
Во 2015 година биле евидентирани 259 вакви случаи, а лани биле 224, во кои биле повредени или убиени осум лица.
Возачите на возраст над 65 години предизвикале 61,5 отсто од сообраќајните незгоди возејќи во погрешна насока во 2023 година, а меѓу 2011 и 2022 година овие возачи предизвикале 50,4 отсто од сообраќајните незгоди возејќи во погрешна насока, пренесува Танјуг.