Чешка ќе искористи дел од каматата од руските средства замрзнати во Европската унија за купување муниција од голем калибар за Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на таа земја.
„Ова е единствена можност за брза и ефикасна поддршка на Украина“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува Ројтерс.
Во јуни, Украина ја доби својата прва пратка, испораките продолжуваат секој месец, рекоа чешките власти.