(Видео) Џо Бајден со солзи во очите одржа проштален говор: Не сум лут на оние кои ми рекоа дека треба да се повлечам

5-10.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден одржа говор на Демократската национална конвенција во Чикаго, каде што партијата ќе ја поддржи неговата кандидатка Камала Харис како демократска кандидатка за претседателските избори во ноември.


Бајден се откажа од трката против републиканецот и поранешен претседател Доналд Трамп пред неколку недели по притисокот и загриженоста за неговото здравје и способноста да служи уште четири години.

Вчера тој одржа говор на конвенцијата на Демократите, а откако публиката му даде овации, Бајден пушти солза.

„Сите овие разговори за тоа колку сум лут на сите луѓе кои рекоа дека треба да се повлечам – тоа не е точно“, рече Бајден додека толпата извикуваше „те сакаме, Џо“. „Ја сакам мојата земја повеќе и мораме да ја зачуваме нашата демократија. Америка, те сакам“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK