Надал се уште не знае кога ќе се пензионира

4f68f3b0-469e-11ef-a0cb-456564dc120c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рафаел Надал, синоќа го следеше мечот меѓу Мајорка и Реал Мадрид (1:1). Славниот тенисер на новинарот на „Марка“, му откри дека се уште не решил што ќе прави со професионалната кариера.


Надал има 38 години, одамна испадна од Топ 100 на АТП листата и често се шшекулира дека ќе се пензионира.

„Не брзам со одлуката околу мојата иднина. Она што е сигурно е дека ќе играм на Лејвер купот, а потоа ќе видиме“, изјави Надал за „Марка“.

Дуелот на Левер купот помеѓу Тимот на Светот и Тимот на Европа е закажан за септември (од 20 до 22) во Берлин.

Станува збор за егзибиција на која, пред две години Роџер Федерер во двојки со Рафаел Надал го одигра последниот меч во кариерата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK