Подигнати 50 кубни метри отпад од диви депонии за време на викендот

viber_image_2024-08-17_22-41-19-701.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на изминатиот викенд, екипите на Јавното претпријатие Комунална хигиена-  Скопје реализираа низа активности за подигнување отпад од диви депонии во повеќе скопски општини.


Отстранети се вкупно 50 кубни метри отпад лоцирани на улиците Скупи и Московска – во скопската општина Карпош, улицата Никола Пушкаров (во близина на старата општина) – во општината Ѓорче Петров, како и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) – во општината Чаир.

Во тек е и акцијата за собирање кабаст отпад што во моментов се одвива во општината Кисела Вода, додека од 21.08.2024 година акцијата ќе продолжи во општината Аеродром, каде што на четири локации ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе постави специјални садови во коишто жителите на оваа скопска општина ќе можат да го одлагаат својот кабаст отпад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK