Гвардиола добил ултиматум од клупските челници

def94490-5d8b-11ef-be42-01d782fcb8e3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пеп Гвардиола влезе во последната година од договорот со Манчестер сити. Шпанецот на „Етихад“ пристигна со 2016 година, со клубот успеа да ги освои сите трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите пред две години.



Нејасна е иднината на Гвардиола во Сити. И самиот во изминатиот период даде неколу изјави во кој вели дека се уште не донел одлука што ќе прави во иднина.

За разлика од тренерот клупските челници сериозно се занимаваат со оваа тема. „Скај спортс“, пишува дека Гвардиола добил ултиматум дека мора да ја сооопшти одлуката до Божик.

Овој извор потенцира дека во клубот се надевата дека Гвардиола ќе потпише нов договор.

Од пристигнувањето на „Етихад“, Гвардиола на клупата на Манчестер сити седел на 474 натпревари, забележа дури 351 победа, 57 нерешени и само 66 порази.

Со „граѓаните“ шест пати беше шампион на Англија, а покрај Лигата на шампионите, го освои Светското клупско првенство, ФА купот, трофејот во Суперкупот на УЕФА, четири трофеи во англискиот Лига куп, а три пати го освои Комјунити Шилд.

Гвардиола претходно беше тренер на Барселона и Баерн Минхен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK