Крајбрежната стража на Кина соопшти дека филипински брод „намерно се судрил“ со кинески брод на „непрофесионален и опасен“ начин во спорното Јужно Кинеско Море утринава, и покрај предупредувањата.
Филипините ѝ одговорија на Кина дека нивните потези да ги потврдат правата во спорниот водите не биле провокативни.
BREAKING: A China Coast Guard (CCG) vessel and a Philippine Coast Guard (PCG) vessel had a collision near Escoda Shoal in the West Philippine Sea (WPS) on Monday, according to a Chinese official. | via @jovilandxrita pic.twitter.com/w41AWF5sY3
— GMA Integrated News (@gmanews) August 19, 2024
Кратката снимка од инцидентот објавена на социјалните мрежи од кинеската крајбрежна стража покажува дека судирот се случил околу 03:24 часот по локално време во понеделникот.
„Филипините постојано провоцираат и предизвикуваат инциденти, ги прекршија привремените договори меѓу Кина и Филипините“, изјави портпаролот на кинеската крајбрежна стража Ган Ју.