Ја дадов и душата за тебе Македонијо а не пак да ме спречи нешто друго до целта.
Почитувани, немам зборови со кои можам да ви опишам колку сум ви благодарен на целата поддршка која ми ја дадовте после трката.
Можеби не ги оправдав очекувањата пред Вас и себе си, но ве уверувам дека со целото мое срце се борев до целта.
Уште на шестиот километар почнаа некои чудни болки во стапалото, потоа се зголемија до коленото, додека се прашував што ми се случува почнаа грчеви на целата нога и од тогаш започна пеколот.
Во тие моменти не ножам со зборови да ви објаснам што се ми се сврте во глава додека не се помирам со фактот да ги игнорирам нозете а да продолжам со срцето.
Го загубив темпото и почнаа угорниците. Буквално го загубив и паметот пробувајки да се снајдам во целата ситуација.
Секундите драстично се зголемуваа до моментот кога ја прифатив реалноста.
Продолжив да трчам, продолжив за оние кои не можат, продолжив за оние кои ме чекаат на целта, продолжив за оние денови кога трчањето не ме остави кога бев сам, овој пат јас не те оставам тебе.
Продожив со зборовите кои ми одекнуваа во мојата глава:
Без разлика на се, пробај да го најдеш знамето во финишот! 🇲🇰
Ви благодарам на сите кои бевте со мене целиот процес, сега е време да се опоравам добро, да го поминам времето со луѓето кои им недостасував целиот овој период и да се фокусираме на следните цели.
Ти благодарам Боже што ми даде сила да го завршам Олимпискиот маратон.