Сообраќајка во Охрид: Млад возач со 1,61 промил алкохол во крвта излетал од пат


ohrid-ulica-Depositphotos_152165766_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дваесет и двегодишен охриѓанец е тешко повреден откако рано утринава со своето возило излетал од коловозот во Охрид, управувајќи под дејство на алкохол.


Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид, несреќата била пријавена утринава (18.05.2026 година) во 05:25 часот. Настанот се случил на улицата „7 Ноември“ кога патничко возило марка „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р. (22) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што е пренесен за укажување лекарска помош.

Од полициските проверки извршени на местото на настанот, било утврдено дека И.Р. го управувал автомобилот под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK