Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари работна средба со Флакрон Беџети, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што известија од МЗШВ, тема на денешната средба биле тековните работи во министерството.
„Преку разговор и добра координација министерството функционира за доброто на земјоделците и граѓаните“, истакна Трипуновски.