Пепе замина во пензија

620-117221.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот Кеплер Лаверан де Лима Фереира, во светот на фудбалот познат како Пепе (41), ја заврши фудбалската кариера.


Заминувањето во пензија преку видео порака го објави на својот профил на „Инстаграм“.

Пепе во кариерата одигра 737 натпревари за Реал, Порто, Бешикташ, Маритимо и Португалија.

Неговиот договор со Порто истече на последниот ден од јуни годинава.

Последниот натпревар во кариерата Пепе го одигра на ЕП, кога Португалија на пенали беше елиминирана од Франција. За Португалија одигра 141 натпревар.

Пепе на ЕУРО 2024 постави уште еден рекорд, стана најстариот учесник во историјата на ЕП.

Против Франција во четврт-финалето го одигра последниот репрезентативен натпревар на 41 година и 130 дена.

Тој стана и рекордер на Порто, како најстар играч кој со 41 година и 14 дена настапил на натпревар во Лигата на шампионите.

Пепе е и најстариот стрелец во историјата на елитното натпреварување, постигна гол на возраст од 40 години и 289 дена.

Во кариерата освои 27 трофеи:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK