Француските ракометарки ја избегнаа судбината на ракометарите, по продолженија се пласираа во финалето

12431829.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Француските ракометари по голема борба и продолженија успеаја да ја совладаат Шведска со 31:28 (25:25, 10:12). Франција ќе се бори за златото, а Шведска за бронзата на Олимписките игри во Париз.


Тамара Хорачек и Естел Минко постигнаа по седум гола, Мелин Ноканда четири, а Клои Валентини три гола. За Шведска, Натали Хагман постигна шест гола, Џамина Робертс пет, Кристин Торфелсдиер четири.

Епилогот лесно можеше да биде поинаков. Првото полувреме Шведска го доби со 12:10, во второто водеше со 20:16, но во последните секунди од натпреварот, преку Тамара Хорачек, Франција избори продолженија.

На крилјата на навивачите Франција го доби првото продолжение со 3:0, а потоа до крајот љубоморно го чуваше стекнатиот капитал. Французинките во финалето ќе играат со подобрата селекција од дуелот меѓу Норвешка и Данска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK