Вчера во 23.45 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 33-годишниот Д.К. од Скопје поради сомнение дека околу 22.50 часот на подрачје на Карпош вознемирувал две малолетнички од Скопје, извести МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.