Две лица загинаа, петмина се спасени, а уште двајца се затрупани и најверојатно тешко повредени во урнатините под хотелот што се сруши синоќа околу 23 часот во градот Кров на реката Мозел, во германската покраина Рајнланд-Пфалц.
Меѓу заробените имало и дете кое утрово беше спасено.
Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.
Според медиумите, загинатите се германски државјани, жена родена 1961 година и маж.
Како што јавуваат германските медиуми, од урнатините се спасени таткото и мајката на двегодишното дете кое исто така беше затрупано. Станува збор за холандско семејство. Под урнатините останале уште две лица.