„Во време на Владата на Мицкоски има кривична пријава за инцидентот на обезбедувањето на Гаши, во време на Заев, Филипче и Ковачевски тоа се ставало под тепих. Има разлика“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Од жешките плажи на монденските места низ светот очигледно интернетот не допира најдобро и пишувачите на плитки соопштенија во СДС не можат да добијат соодветни насоки.
Очигледно е дека СДС тотално погрешно интерпретира или сака да интерпретира изјава на претседателот на Владата Мицкоски повторно поради фактот што не успеваат никако да ги сфатат причините зошто изгубија катастрофално на минатите избори.
Токму поради ова ваше потценувачко однесување кон јавноста и граѓаните, вие мислите дека ако кажете лага секој ќе ви верува макар и кога јасно се слуша што кажува Мицкоски на прес конференцијата.
Да бевте нормални ќе ви речевме засрамете се, но кај вас срамот е апстрактна категорија и не разбирате што тоа чувство всушност значи.
Соопштенијата на СДС се толку нелогични што на моменти имаме чувство дека од таму нема човек кој пишува или дава насоки, туку одговара некоја првична неразвиена верзија на chat GPT која беше позната по тоа што пишуваше неповрзани, необмислени и нереални работи. А вработените и раководството се на колективен одмор на неопределено време. Или некој пак им зема пари за да им води PR за глупости“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.