Ван Гал одбил понуда од германскиот великан Баерн

fbl-wc-2022-match57-n-13989482_2809043_20221210091428.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Познатиот холандски тренер, Луј ван Гал, не работи веќе две години. Последниот меч како тренер го одработи на клупата на Холандија, кога на светското првенство во Катар доживеа елиминација на пенали од Аргентина, во четвртфиналето.


Холандскиот стручњак има 72 години и го победи ракот на простата и според интервјуто кое го даде за ESPN, се чини дека повеќе не размислува да работи како тренер.

Тој откри дека летово ја одбил понудата на Баерн, да го наследи Томас Тухел. На крајот Баерн го назнали Венсан Компани за нов тренер.

„Сега повторно сум релативно здрав. Можам да работам, но не како клупски тренер. Ме бараше Баерн пред да го именуваат Компани. Како селектор си зафатен во неколку периоди во текот на годината и ги скаутираш играчите со твојот штаб“, рече Ван Гал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK