Денеска и утре на дел од просторот на комплексот „Св.Наум“, Армијата ќе реализира тактичко-технички активности

ohrid-sveti-naum-voen-kamp-meteo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска од 11 до 14 часот и утре (01.08.2024) од 12 до 14 часот , на дел од просторот на комплексот „Св.Наум“ во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности.


Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај комплексот „Св.Наум“, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој настан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK