ЈУ “Универзална сала“ – Скопје и Град Скопје објавуваат јавен повик за програмски активности за манифестацијата „Бела ноќ 2024“.
Оваа година ќе се одржи јубилејното 20-то издание на „Бела ноќ“, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ќе се одбележи уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани кои ќе ја заинтригираат јавноста.
За таа цел ЈУ “Универзална сала“ – Скопје и Град Скопје, распишуват Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.
Овогодинешното издание ќе се одржи на 5 октомври 2024 на повеќе централни локации низ градот Скопје.
На конкурсот можат да се пријават уметници кои творат во следниве области: визуелни уметности (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип), применети уметности (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм, театар, јавна уметност, урбани изведби и перформанси.
Селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт.
Повеќе информации за Јавниот повик може да најдете на www.univerzalna.mk/belanok . Крајниот рок на аплицирање е 19.08.2024.