Мадуро победи на изборите во Венецуела, опозицијата ја повика војската

Maduro.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Николас Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела, според делумните резултати објавени од страна на избирачкиот совет.


Шефот на Националниот изборен совет, Елвис Аморосо, рече дека по пребројувањето на 80 отсто од гласовите, Мадуро имал 51,20 отсто од гласовите, наспроти 44,02 отсто за неговиот главен ривал.

Опозицијата на Венецуела обвинува „широко распространета измама при броењето гласови“ и вети дека ќе ги оспори резултатите. Се обедини зад кандидатот Едмундо Гонзалес за да се обиде да го собори Мадуро по 11 години на власт.

Опозицијата распореди илјадници сведоци на избирачките места низ целата земја за да можат сами да ги пребројат гласовите. Сепак, портпаролката на коалицијата предводена од Гонзалес рече дека нивните сведоци биле принудени да заминат на многу избирачки места.

Опозицијата, исто така, ги повика симпатизерите да бдеат во избирачките центри за да го следат процесот на броење во „одлучувачките часови“ по затворањето на гласачките места.

Анкетите на јавното мислење му дадоа на Гонзалес големо водство пред Мадуро.

Многу гласачи рекоа дека сакаат промени по 25 години од социјалистичката партија.

Лидерот на опозицијата Марија Корина Мачадо ја повика војската да се спротивстави на резултатите.

„Порака до армијата. Народот на Венецуела одлучи: не го сака Мадуро“, напиша Мачадо на „Икс“. „Време е да се најдеме на вистинската страна на историјата. Имате шанса, сега“.

Армијата на Венецуела го поддржува претседателот Мадуро, а воените функционери јавно не навестија дека решиле да му се спрптивстават, забележува Ројтерс.

Министерот за одбрана генерал Владимир Падрино изјави дека вооружените сили ќе ги почитуваат изборните резултати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK