Ердоган: Би можеле да влеземе во Израел

Ердоган-Настаните-во-Газа-се-несреќа-катастрофа-и-злосторство-против.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците, како што тоа некогаш го правеше во Либија и Нагорно-Карабах, изјави вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган.



„Мораме да бидеме многу силни за Израел во Палестина да не може да го прави тоа што го прави сега“, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе, фалејќи ги резултатите од индустријата за оружје.

„Како што влеговме во Карабах и Либија, можеме да направиме нешто слично“, рече Ердоган во телевизискиот говор. Турскиот претседател не прецизираше каква интервенција има на ум, а претставниците на неговата партија не одговорија на прашањата за неговата изјава.

Израел не одговори веднаш на говорот на турскиот претседател.

Инаку, Ердоган се осврна на претходните турски акции. Во 2020 година, Анкара испрати војници и воена опрема во Либија за да ја поддржи либиската влада на национално единство и нејзиниот лидер Абдулхамид ал-Дбеиба.

Минатата година Турција негираше директна вмешаност во азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах, но нагласи дека го поддржува блискиот сојузник „со сите средства“, вклучувајќи обука и модернизација на армијата, потсетува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK