Вчера во 18.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал својата 79-годишна мајка.
Тој бил спроведен здравствена установа, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.