Откако вчера коалицијата Вреди најави финансирање на Албанската акедимија за наука и уметност во Македонија, од ДУИ велат: „За 30 дена нè вратија 30 години назад! Во екот на серијата „еден скандал на ден“ вазалите и слугите на ВМРО-ДПМНЕ се во главна улога за понижување на албанскиот народ, како нелегитимни учесници, без волја на народот, во моноетничката влада“.
Во обид да покаже некакви резултати и да го запре слободниот пад кој ја понижува нацијата, Влен ја „основа“ „Акакдемија“ на науките и уметностите која ќе ја финансираат, замислете, општините, единствен случај во светот, се наведува во реакицијата на ДУИ.
„Така се случи со Музејот на слободата, Детскиот театар и десетици други општински импровизации кои служеа за општинска манипулација. Наместо да го преземат претседавањето со Државната академија за науки и уметности, да создадат простор за повеќе академици, да гласаат за законот што го предложивме додека го блокираа со ВМРО за правична и соодветна застапеност во МАНУ, тие дојдоа до ‘голема општинска идеја’ што уште повеќе ги понижува Албанците. Бегајте затоа што ја срамотите нацијата и оставате непоправливи последици! Граѓаните црвенеат од вашиот срам“ пишува во реакцијата на ДУИ.