По повод 97 години од формирањето на Народноослободителната војска на НР Кина, пратениците од редовите на Левица – Реџеп Исмаил – Хактан и Сашко Јанчев присуствуваа на манифестацијата организирана од нивна страна на одбележувањето на овој празник.
„Воедно, по повод завршувањето на мандатот, неговата екселенција, Жанг Ѕуо, госпоѓа Јанг Јуанчун и военото аташе, полковник Зу Нинг од страна на нашите пратеници и раководството на партијата им беше посакана успешна дипломатска кариера во иднина.
Како идеолошки блиски, Левица во иднина ќе продолжи да ги негува односите со НР Кина, како на партиско, така и на институционално ниво“, информираат од партијата.