Борел: Министрите на ЕУ ќе разговараат за „неприфатливите“ ставови на Унгарија

Борел-Не-гледаме-светло-на-крајот-од-тунелот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе разговараат за „неприфатливите“ активности на унгарскиот премиер Виктор Орбан и „неприфатливите“ позиции на неговата земја во однос на улогата на ЕУ во Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јосеп Борел.


„Ќе разговараме за тоа што се случи и за позициите на унгарската влада“, рече Борел, пренесе Ројтерс.

Тој предвиде дека земјите-членки ќе треба да разговараат за ова прашање пред да донесат можни одлуки за тоа како да се позиционираат кон унгарското претседателство со ЕУ во наредните месеци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK