Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска го слави својот 70-ти роденден во кругот на најблиските пријатели, а честитки и испратија членови на нејзината партија Христијанско-демократска унија, но и политички противници.
„Поранешната канцеларка Меркел роденденот ќе го помине со семејството“, изјави нејзиниот портпарол, пренесува Дојче веле.
Неколку политичари и честитаа на Меркел, вклучувајќи го и канцеларот Олаф Шолц, нејзиниот наследник од централно-левичарските Социјалдемократи (СПД).