Извлечено тело на Кинез кој падна при изградба на мост во Дунав кај Нови Сад

mk.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На градилиште на мост во Нови Сад загина кинески работник околу 9 часот и 19 минути. Вработен во кинеска компанија кој бил задолжен за безбедноста на градилиштето ја известил полицијата дека Ј.П.П.(20) се лизнал и паднал во оградена шахта полна со вода, каде требало да се подигне столб од мост и дека не испливал.


Непосредно пред тој повик, полицијата добила повик и од градилиште од работник од Кина кој бил сведок на несреќата.

На терен веднаш се испратени полициски патроли и пожарникари. Припадниците на нуркачкиот тим на полицијата го извлекле телото во 13 часот и 52 минути, пишува Телеграф.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK