Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов преку Фејсбук извести дека заедно со пожарникари и цивили се заробени на Огражден.
„Во моментот сме опколени од сите страни над Бадилен и ни се прекинати сите копнени врски. Очекуваме да дојдат уште 2 хеликоптери да продолжат со гасење за да може да се евакуираме“, рече градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов.
Струмичките пожарникари споделија видео на социјалните мрежи од евакуацијата од Огражден.