„Жешко е како во пекол, како во рерна“: Јужна Европа и Балканот погодени од топлотни бранови

TOPLOTEN-BRAN.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанското Министерство за здравство во вторникот стави 12 градови под предупредување од големите горештини, бидејќи бран топол воздух од Африка ја зафати јужна Европа и Балканот. Температурите се искачија над 40 Целзиусови степени, а најлошото допрва доаѓа, пренесуваат медиумите во регионот.



Хрватска ја објави највисоката температура на Јадранското Море досега, а термометарот достигна речиси 30 степени Целзиусови во Дубровник, најпопуларното туристичко место во земјата.

Во Србија, државното претпријатие за електрична енергија пријави рекордна потрошувачка во вторникот поради употребата на клима уредите.

Општинските власти во неколку градови во јужна Европа и на Балканот презедоа мерки за грижа за старите лица, а тимовите за цивилна заштита повикаа на помош од авиони кои фрлаат вода, како што се канадерите, за да ги изгаснат пожарите што беснеат во јужна Италија и Северна Македонија.

„Жешко е како во пекол. Овие вентилатори малку помагаат, но навистина е жешко“, вели Кармен Дијаз, туристка од Мадрид, која се обидувала да се разлади со вентилатор за време на ручекот во Рим.

Во Грција, општините направија климатизирани простори достапни за јавноста. Одредени форми на работа на отворено, како што се физичка работа, испорака и градежништво, се забранети во најтоплиот период од денот кога температурите достигнуваат над 40 степени Целзиусови.

Во среда и четврток се очекува температурите да достигнат до 42 степени во повеќе земји.

Шпанската национална метеоролошка служба објави дека термометрите може да достигнат до 44 степени Целзиусови во јужниот слив на реката Гвадалкивир во наредните денови.

За борба против жештината, римската зоолошка градина планираше да спроведе план за ладење на одредени животни со сладолед подоцна оваа недела, кога се очекуваше температурите да достигнат 38 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK