Осимен сака да се пресели во ПСЖ

3843242-78097768-2560-1440.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен сака да го напушти Наполи и да се пресели во Пари Сен Жермен.



Менаџерите на нгерискиот фудбалер подолг период преговараат за личните услови и се чини дека се блиску до договор, но проблемот за ПСЖ е што тежко ќе одат преговоруте со првиот човек на Наполи.

Аурелио Де Лаурентис во неколку наврати изјави дека Осимен нема да биде продаден за помалку од 120 милиони евра. Медиумите шпекулираат дека сега фудбалерот ќе преземе се што е потребно за да замине во „Паркот на принцовите“.

Луис Енрике остана без Килијан Мбапе, Осимен не е сличен по карактеристиките, но на „светците“ им е потребна нова енергија во нападот.

Рандал Коло Муани и Гонзало Рамос не го убедија Луис Енрике дека се вистинските решенија, па ПСЖ летово активно бара нов напаѓач.

Осимен има желба да се пресели во Париз и сега на потег е Наполи. Јасно е дека ПСЖ нема да понуди повеќе од 100 милиони евра.

Од друга страна, новиот тренер на Наполи, Антонио Конте веќе стапил во контакт со Ромелу Лукаку, а Белгиецот очајно сака да му се придружи на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK