Во експлозија на автомобил бомба во Сомалија загинаа најмалку 11 лица

somalija-napad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се повредени кога автомобил-бомба експлодираше пред популарно кафуле во сомалиската престолнина Могадишу за време на пренос од финалето на Европското фудбалско првенство, изјави портпаролот на полицијата.


Меѓу загинатите има и пет лица кои минувале покрај кафулето кога експлодирал паркиран автомобил, рече портпаролот, додавајќи дека од силината на експлозијата е предизвикана сериозна штета на околните згради.

Првично беше нејасно дали во возилото е бомбаш-самоубиец и дали други вооружени лица биле вклучени во нападот, рече портпаролот.

Инспекторите велат дека бројот на загинати може да се зголеми.

По нападот, во кафулето, кое е популарно меѓу државните службеници, владеела паника.

Ниту една група се уште не ја презела одговорноста за нападот.

Бомбашкиот напад ги врати сеќавањата на терористичкиот напад за време на Светското првенство во 2010 година од страна на радикалната исламистичка милиција Ал Шабаб во Уганда. Тогаш таа сомалиска терористичка група постави бомби на локација во Кампала каде што стотици луѓе се собраа да го гледаат финалето на Светското првенство. Во тој напад загинаа 74 лица.

Ал Шабаб, терористичка милиција поврзана со Ал Каеда, се спротивставува на фудбалот, тврдејќи дека е против нивната религија, а неодамна се обиде да изврши напад за време на фудбалски турнир на локалниот стадион во Могадишу.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK