МНР: Јован Мицкоски, синот на премиерот не беше дел делегацијата за самитот на НАТО која имаше 21 член

MNR-800x532.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По партијата ВМРО-ДПМНЕ, попладнево и Министерството за надворешни работи, преку соопштение извести дека синот на премиерот не бил дел од македонската делегација на самитот на НАТО во Вашингтон, САД.


„Делегацијата на самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО. Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, не беше еден од членовите на делегацијата, иако претседателот Мицкоски имаше покана за придружба од член на семејството. Истовремено информираме дека за патувањето на Јован Мицкоски не се потрошени средства од Буџетот на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Претпладне, пак, премиерот, со слично соопштение го бранеше ВМРО-ДПМНЕ. И партијата соопшти дека за синот на премиерот не се потрошени државни пари, па следуваше реакција од СДСМ кои побараа Мицкоски да ги објави сметките и трошоците а билетот на синот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK