СДСМ побара Мицкоски да ги објави приватните сметки за картата и трошоците на синот во САД

SDSM-za-sinot-na-MIcko-800x426.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ако Мицкоски тврди дека приватно го платил патувањето и сместувањето на синот, тогаш треба да ги објави јавно тие сметки, но и Владата транспарентно да ја објави листата од сите кои патувале на државен трошок, побара СДСМ.


„Еве шанса на дело да ја покажат транспарентноста која постојано ја повторуваат дека ќе биде основно начело на работење на новата Влада.

Ова е најмалку што може да направи Мицкоски, бидејќи за граѓаните е крајно симптоматично што самиот Мицкоски не обајви ниту една фотографија од ова патување со синот, туку тоа случајно медиумите и граѓаните го дознаа од објавата на Универзитетот Џон Хопкинс“, реагира СДСМ по објавата на ВМРО – ДПМНЕ дека билетот на синот на Мицкоски не ена државен трошок.

Препукувањата  меу ВМРО-ДПМНЕ почнаа откога пратеничката Славјанка Петровска преку објава на социјалните мрежи го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на првото официјално владино патување со себе си го зел синот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK