Петровска: Мицкоски си го зел синот во делегацијата во САД, првото владино патување го претвори во семејно

Mickoski-so-sinot-vo-SAD.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеничката Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана од СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на првото, официјално, владино патување во САД на самотот на НАТО со себе си го зел синот. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од средба на премиерот Мицкоски и министерот за одбрана Тимчо Муцунски со Едвард Џозеф, американски експерт за надворешна политика, на која до премиерот стои неговиот син.


„Прво владино патување, прв скандал! Асистенотот на татко му а сега премиер си го земал син му во делегација во САД! Ова младо дете на фотографијата не е најдобриот студент во Македонија. Не е ниту стипендист на државата. Не е учесник на некој конкурс или јавен повик за студенти, па како награда да биде дел од државната делегација предводена од Премиерот Мицкоски. Се прашуваше кој е? Синот на Христијан Мицкоски. Да, првото официјално владино патување го претвори во семејно патување.  Не се чудете, Мицкоски напредуваше во кариерата како асистент на сопствениот татко“, објави на „Фејсбук“ Петровска.

Објавата предизвика лавина реакции со осуда за премиерот на социјалните мрежи.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK