Вреди ја обвини ДУИ дека се пазарела за Кичево и Струга за да влезе во Влада, Интегративците тврдат дека е обратно

mexiti-ahmeti-kichevo-makfax.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Коалицијата Вреди тврди дека ДУИ се служи со лаги, само за да креира незадоволство кај Албанците за да се спаси од сопствените гревови.



Од тука го повикаа Али Ахмети да го искористи партискиот собир во Гостивар, и, да и’ одговори на јавноста зошто му нудел на Христијан Мицкоски да влезат во Влада.

Влен и денес на прес-конференција се осврна на тврдењата дека ДУИ барала да биде дел од Владата наместо Влен со четири министри, без претседател на Собранието заедно со гаранции дека на локалните избори догодина, неговите кандидати ќе одработат Македонци да станат градоначалници на Кичево и Струга.

„ДУИ има обврска да одговори дали сака Албанците да ги претвори во штит, за да ги спасат нивните корумпирани поранешни функционери и членови на нивните семејства?“, велат од Вреди.

Од друга страна, ДУИ пак, тврди дека Вреди ja подготвува јавноста за да ги даде Кичево и Струга на ВМРО на следните избори.

„Тука ги преминавте црвените линии и ќе се соочите со отпорот на народот и на секој Албанец“, велат од ДУИ.

Инегративците најавија силна реакција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK