Бебе оставено среде центар во Велес, случаен минувач го однел во болница, а таму се појавила мајката

bebe-blur.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во тешка здравствена состојба, бебе било оставено во центарот на Велес, а било затекнато вчера од страна на случаен минувач.


Човекот којшто го нашол бебето го однел во болницата во градот, каде што било констатирано дека неговата состојба е тешка.

За случајот информираа од велешката полиција, од каде велат дека, по кусо време во болницата дошла С.К., која имала околу 20 години. Според зборовите на докторката која била дежурна, жената којашто пристигнала се претставила како мајка на бебето, но потоа ја напуштила болницата.

Дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување на бебето.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK