Сончево и многу топло со температури до 42 степен

zesko-vreme
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. UV=10



Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK