Американскиот и рускиот министер за одбрана разговарале по телефон, повикот бил инициран од Русите

ministri-sad-rusija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, вчера телефонски разговараше со неговиот руски колега Андреј Белоусов, а двете страни потврдија без да откриваат детали од првиот разговор меѓу двајцата министри од јуни.



Руското Министерство за одбрана соопшти дека телефонскиот разговор бил инициран од руска страна, a станало збор за спречување на безбедносни закани и намалување на ризикот од потенцијална ескалација.

Во Вашингтон, заменик-порпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, рече дека секретарот ја истакна важноста од одржување на линиите на комуникација во услови на тековната војна на Русија против Украина.

Претходно оваа недела, Германија и САД објавија договор за стационирање на американски ракети со долг дострел во Германија, почнувајќи од 2026 година, што е првпат такво оружје да биде стационирано во земјата од крајот на Студената војна.

Американското оружје ќе вклучува крстосувачки ракети Томахавк со дострел до 2.500 километри кои можат да погодат длабоко во Русија, како и ракети за воздушна одбрана СМ-6 и ново развиено хиперсонично оружје.

Руските власти жестоко реагираа на соопштението, обвинувајќи ги Германија и Соединетите Американски Држави за подигање на тензиите и поттикнување на трка во вооружување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK