ВМРО-ДПМНЕ: Филипче додека беше министер ја направи државата заложник на здравствената мафија

filipche.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Филипче додека беше министер ја направи државата заложник на здравствената мафија, луѓе собираа пари за лекување преку СМС пораки, а неколку фирми блиски до него се богатеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.


„Филипче имаше 7 години да поправи нешто во здравството, но ништо не направи.

Наместо проекти, Филипче тргна со милионски тендери. Немаше голем тендер во здравството кој не смрдеше на криминал од крвавите тендери на жути@јаху до провизиите за вакцини.

Наместо инвестиции во здравството Филипче на големо заговараше приватизација на здравството. Наместо државата да гради болници според логиката на Филипче тоа ќе требаше да го прават фирми за профит.

Филипче ја стави државата заложник на здравствената мафија. Здравството не функционираше за пациентите туку за тендерите. Филипче сега отиде за претседател на СДС со намера кога ќе треба да одговара да се вади на политички притисок“, се вели во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK