Вчера во 12.50 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле 37-годишниот А.М. од Кавадарци и 31-годишниот Ј.В. од Штип, по претходна пријава од вработен во скопска фирма, која работела на изградба на пат, дека на делницата од Фариш до Дреново, кај тунелот, биле одземени метални предмети, извести МВР.
„Предметите биле пронајдени кај двете лица и одземени, а потоа вратени на сопственикот“, соопшти МВР.
По документирање на настанот против А.М. и Ј.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок.