Пристапувањето на Западен Балкан во Европската унија ќе ја зајакне стабилноста во регионот и безбедноста на континентот, а Унгарија ќе работи на забрзување на тој процес, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на маргините на Самит на НАТО во Вашингтон.
Сијарто, за време на билатералните разговори со црногорските и македонските колеги на маргините на самитот на НАТО, рече дека стабилноста на регионот на Западен Балкан има големо влијание врз безбедноста во Европа.
„Бидејќи живееме во сенка на војната во последните две и пол години, не ни треба нов конфликт или нестабилност“, изјави Сијарто, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи, пренесе агенцијата МТИ.