Полот на третото дете на Ен Хатавеј откриен по грешка


14129919.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ен Хатавеј (44) и нејзиниот сопруг Адам Шулман (45) станаа родители по трет пат. Кратко откако веста за приновата стигна до јавноста, беше откриен и полот на нивното трето дете. Како што пренесува германското списание Gala, по двајцата синови, актерката добила ќерка.


Моли Роџерс, костимографката на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ (The Devil Wears Prada 2), навести дека актерката добила ќерка. Во „стори“ на Инстаграм, таа објави фотографија од плишано мече и ѝ честиташе на Хатавеј за приновата.

„Честитки до гордата мајка @annehathaway и најновиот член на нејзиното семејство… девојченце“, напиша Роџерс.

Актерката сè уште лично не го потврдила полот на детето.

Веста дека Хатавеј и Шулман повторно станале родители се појави неколку часа претходно, откако порталот TMZ објави фотографии од актерката во Њујорк.

Во вторникот, на 17 ноември, Хатавеј беше забележана во прошетка со пријателка, носејќи го своето новороденче во носилка. На фотографиите таа изгледаше добро расположена и насмеана.

Со сопругот таа има уште два сина. Ен Хатавеј и Адам Шулман се заедно од 2008 година, а стапија во брак во септември 2012 година.

Тие го добија својот прв син, Џонатан Роузбенкс Шулман, на 24 март 2016 година, додека нивниот втор син, Џек, се роди во ноември 2019 година.

 

фото/ЕПА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK