Познатиот актер Кристијан Бејл деновиве летува во Хрватска.
Според порталот „24сата.хр“, Кристијан со семејството пристигнал во Хрватска и биле на Хвар, а потоа заминале во Мљет.
View this post on Instagram
A post shared by Aloha Mljet Rent A Bike – e-Bike – Kayak (@mljet_aloha_rentabike)
На страницата на Инстаграм на луѓе кои се занимаваат со изнајмување велосипеди, се појави фотографија од познатиот актер.
„Погодете кој возеше велосипед со нас денес? Нема погрешен одговор“, напишале тие, а меѓу понудените одговори биле Кристијан Бејл, Брус Вејн и Бетмен.
„Бетмен пристигна во Хрватска“, „Легенда“, „Тој е толку кул“, „Легендарниот Бетмен“, се само дел од коментарите под објавата.
Бејл го толкуваше ликот на Брус Вејн, односно Бетмен, во неколку филмови на Кристофер Нолан