Розга: Никогаш не сум правела естетски зафати

Jelena-Rozga-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јелена Розга неодамна одржа концерт во Шабац и по настапот разговараше со новинарите. Во таа прилика проговори за својот физички изглед и откри дека никогаш нема да се подложи на естетски зафати.


„Поради мајка ми, никогаш не го сторив тоа. Таа ми рече: „Ќерко, што си направила себеси? Кога почнав да пеам во Магазин во 1996 година, почнав да се шминкам, имав страшни алергии на очите и усните. Еден познат дерматолог од Сплит, откако ми препиша лекови и масти, ѝ кажа на мајка ми: „Убава е, но би била поубава ако малку го намали носот, да ги зголеми усните и да ги оперира ушите. Таа само му рече: Збогум господине“, изјави Розга за „Blic.rs“.

„Рецептот за мојот изглед е љубов, песна, публика. Се додека сум здрава, здравјето ми е важно”, додала 46-годишната пејачка.

Неодамна таа се осврна на својот младешки изглед во интервју за магазинот „In“.

„Отсекогаш внимавав колку и што јадам, што внесувам во организмот. Моето семејство е од Далмација и секогаш дома јадев главно риба, што повеќе зеленчук од нашето село, од Близна, домашно маслиново масло, и последниве неколку години, бидејќи имам големи проблеми со тироидната жлезда, го елиминирав глутенот и лактозата и секакви други работи, и што е најважно, не пијам алкохол, никогаш во животот не сум го пиела“, изјави Розга.

“Сè е можно без операција, без претерување. Ова е доказ дека се е можно со добра грижа, со малку здрав живот, многу сон и што е можно помала иритација. Не ми е тешко да одолеам на трендовите кои се застапени денес, затоа што знам што сакам“, рече таа.

Јелена Розга е една од најуспешните хрватски пејачки, а покрај нејзиниот музички талент, многумина со години се воодушевени од нејзиниот изглед затоа што изгледа како воопшто да не старее.

Инаку, Розга има 46 години. Родена е на 23 август 1977 година во Сплит. Љубовта кон сцената на Јелена Розга започна со балетот, а таа се откажа од танцувањето во 1996 година, кога ја замени Данијела Мартиновиќ како пејачка на Магазин.

Го напушти бендот во 2006 година, кога започна самостојна кариера. Наскоро таа стана една од најбараните и најпопуларните пејачки на овие простори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK