Џастин Бибер меѓу ѕвездите кои настапија на забавата за синот на најбогатиот Индиец

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пејачот Џастин Бибер се приклучи на низата меѓународни ѕвезди кои настапија на забава за синот на најбогатиот човек во Индија и неговата сопруга со која наскоро ќе се ожени.



Минатиот викенд Бибер отпатува од Канада во Мумбаи за да настапи за идните младенци Анант Амбани и Радика Мерчант и нивните гости, јавува денеска Би-би-си.

Ријана настапи на првата забава која богатата двојка ја приреди пред нивната венчавка, додека Кети Пери, Бекстрит Бојс и италијанскиот тенор Андреа Бочели пееја на втората, за време на крстарење по Медитеранот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK