(Видео) Орбан: Путин не може да загуби

orban.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, по посетата на Киев и Москва, кадешто разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, даде интервју за германскиот весник „Билд“.


Интересен и значаен клип од тоа интервју на социјалната мрежа „Икс“, претходно позната како Твитер, сподели Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

„За Путин сè е едноставно. Погледнете ги фактите, изворите на енергија, населението. Путин не може да изгуби, тоа е многу логично. Ако го погледнете бројот на војници, оружје и технологија користени во војната, поразот на Русија е нешто што е многу тешко да се замисли Веројатноста дека Русија може да биде поразена е невозможно да се пресмета“, рече Орбан во тоа интервју.

После тоа ги коментираше неговите разговори со Зеленски и Путин.

„Ги прашав двајцата шефови на држави (Зеленски и Путин) дали има некаква шанса да се согласат на привремено примирје што ќе ги забрза мировните преговори. Да се ​​почне од прекин на огнот. Затоа што во моментов сите размислуваат во друга насока – тие прво сакаат да постигнат мировен договор, па дури потоа да прогласат прекин на огнот“, рече Орбан.

„И Русите и Украинците одговорија исто: Примирјето е во интерес на непријателот бидејќи за време на прекинот на огнот ќе имаат време да се реорганизираат и да се подготват за продолжување на војната“, додаде унгарскиот премиер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK