Ле Пен: Нашата победа е само одложена

Ле-Пен-Холанѓаните-имаат-право-да-одлучат-дали-ќе-останат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен, по парламентарните избори на кои нејзиниот табор се најде на третото место, оцени дека нејзината победа „само е одложена“, и додаде дека Национален фронт е „првата“ партија во Франција.



„Плимата се зголемува. Овој пат не порасна доволно, но продолжува да расте. И затоа нашата победа само беше одложена“, изјави таа за приватниот ТВ канал TF1.

Таа додаде дека има премногу искуство за да биде разочарана од резултатот во кој „бројот на пратениците се удвоил“.

Екстремно десничарската партија Национален фронт влегува во Парламентот со најголем број пратеници досега (меѓу 115 и 155), но останува далеку од преземање на власта, забележувајќи разочарувачки резултат во споредба со пробивот во првиот круг пред седум дена, пренесуваат светските медиуми.

Во вториот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, најмногу гласови синоча освои левичарската коалиција Нов народен фронт, според првите проценки на излезните анкети, пред таборот на претседателот Емануел Макрон и екстремната десница, така што ниту еден блок не доби апсолутно мнозинство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK