Турски државјанин загина на градилиште во Чањ при силно невреме што ја зафати Црна Гора.
Според „Вијести“, работникот бил во кранот, кој се урнал за време на ураганските ветрови.
Порталот „Приморски“ јавува дека ветерот откорнал делови од дрвја во Бар и дека биле оштетени автомобили.
Се наведува дека поради невремето биле оштетени и неколку пловни објекти во пристаништето.
Исто така, невремето собори три кранови во пристаништето и искрши претоварни мостови, се наведува во написите.