Оливер Млакар го прослави својот 89-ти роденден

t-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот телевизиски водител Оливер Млакар вчера го прослави својот 89 роденден.


Роден е во Птуј во 1935 година. Од 1945 до 1953 година живеел во Осиек, во 1954 година дошол во Загреб, каде студирал француски и италијански јазик. Три години откако се преселил во Загреб, се пријавил на аудиција за најавувачи во Радио Загреб и ја добил работата.

По завршувањето на воениот рок, во 1963 година започнал да работи во Телевизија Загреб, каде две години подоцна станал водител на квизот со Јасмина Никиќ.  Тој е најпознат по водењето на Квискотека, најпопуларниот хрватски квиз на сите времиња, од 1984 до 1995 година.

Иако се пензионираше во 2002 година, од 2006 до 2007 година беше водител на камбек сезоната на Квискотека на Нова ТВ. И по пензионирањето, тој беше баран на телевизија и на фестивали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK